• сабота, 12 октомври 2024

Официјално: Подолски потпиша со Анталијаспор

Официјално: Подолски потпиша со Анталијаспор
Анталија, 23 јанаури 2020 (МИА) - Германскиот напаѓач Лукас Подолски и официјално ќе ја продолжи кариерата во Анталијаспор. Тимот од јужна Турција на социјалните мрежи и официјално го објави привлекувањето на поранешниот фудбалер на Галатасарај. Подолски се раздели со јапонски Висел Коби порано во јануари. Анталијаспор имаше најголем интерес за 34-годишниот фудбалер со потекло од Полска, што ќе го направи еден од лидерите во тимот. Договорот на Лукас Подолски е до крајот на оваа сезона.

Остани поврзан