• петок, 22 ноември 2024

Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари 

Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари 

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари, денеска официјално ќе биде претставен во Скопје. На настанот ќе се обратат Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Инвестицијата на Алказар Енерџи, како што вчера најави премиерот Мицкоски, ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните.

-Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот ќе го објавиме утре, заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестицијата од 400 - 450 милиони евра. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор, изјави Мицкоски вчера на поставувањето камен-темелник на новата спортска сала „Џексон" во Штип. 

Нагласи дека за проектот нема специјални  закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 - 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава.

Alcazar Energy е водечки независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници со седиште во Дубаи кои се фокусираат на големи проекти за обновлива енергија на пазарите во развој. вј/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан