• сабота, 06 јули 2024

Официјално отворање на Скопскиот поетски фестивал

Официјално отворање  на Скопскиот поетски фестивал

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Четврто издание на Скопскиот поетски фестивал се одржува  до 1 јуни на неколку локации во Скопје - Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и во кафе-книжарницата „Буква“.

Гостуваат поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети. Официјалното отворање е вечер во 20:00 часот во МКЦ.

-Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастерклас за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и  јога-час и поетско читање во природа, соопшти организаторот. 

Мотото на годинашниот фестивал е „Борба. Не војна!“. Автор на постерот е Андреј Павлов. хс/вг/

Фото: Скопски поетски фестивал

Остани поврзан