• вторник, 10 март 2026

ОУ „Св. Кирил и Методиј“: Дојавата за бомба во училиштето е лажна, наставата продолжува непречено

ОУ „Св. Кирил и Методиј“: Дојавата за бомба во училиштето  е лажна, наставата продолжува непречено

Кочани, 10 март 2026 (МИА) -  ОУ „Св.Кирил и Методиј“ од Кочани со соопштение официјално и се обраќа на јавноста инфорормирајќи за настанот од утринските часови, кога добиле дојава за поставена бомба во училишниот објект и порачува дека по спроведената проверка од надлежните служби од МВР е утврдено дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект поради што наставата продолжува непречено.

-Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметната настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето, се нагласува во соопштението.

-По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата и останатите активности продолжуваат непречено, согласно вообичаената динамика, порачуваат од кочанското ОУ „Св. Кирил и Методиј“ откако МВР утврдило дека дојавата е лажна. ис/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан