• четврток, 04 јули 2024

Отстранети дваесет диви депонии на неколку локации во Скопје

Отстранети дваесет диви депонии на неколку локации во Скопје

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - ЈП Комунална хигиена-Скопје соопштуваат дека во текот на изминатиот викенд отстранија дваесетина диви депонии лоцирани во општините Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир и Карпош.

Како што известија, во општината Аеродром, активностите се одвивале на улицата Венијамин Мачуковски и булеварот Видео Смилевски-Бато, во општината Чаир се расчистувале дивите депонии на улицата Методија Митевски, додека во општината Центар го отстраниле непрописно одложен отпад на улицата Кирил и Методиј и во реонот на скопското Теќе.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на викендот отстрани и неколку диви депонии лоцирани во населбите Козле и Трнодол во општина Карпош, како и на повеќе локации на главната улица во општината Ѓорче Петров.

- Подигнати се вкупно 30 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад одложен на јавни и сообраќајни површини, истакнаа од ЈП Комунална хигиена. сан/ац/

Фото: ЈП Комунална хигиена - Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан