• недела, 22 декември 2024

Отпуштен министер на Фарските Острови поради хомофобични забелешки

Отпуштен министер на Фарските Острови поради хомофобични забелешки
Торсхавн, 9 ноември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Фарските Острови, Јенис ав Рана е отпуштен поради неговите хомофобични забелешки. Тој беше критикуван поради изјавата дека не би можел да го поддржи лидерот на Данската конзервативна партија, Сорен Папе Поулсен за премиерската функција бидејќи е отворено геј. - Живеејќи како, таканаречено, хомосексуалец, е против основниот закон што јас, мојата партија и јас мислам и Фарските Острови, го следи, изјави тој на радио кон крајот на октомври. Коментарите кажани пред парламентарните избори во Данска, предизвикаа бес и доведоа до повици за отпуштање на Ав Рана. Фарските Острови се мала самоуправна данска територија и се претставени во Парламентот на Данска со двајца пратеници. Владата на архипелагот потврди дека Ав Рана е повлечен од функцијата министер за надворешни работи и култура. Поранешниот министер, исто така, се спротистави на неодамнешниот закон на Фарските Острови со кој се гарантираат еднакви права и граѓански статус на лезбиски двојки кои имаат деца. Премиерот Бардур а Стеиг Нилсен посочи во владиното соопштение дека неговата толеранција за Ав Рана „не може и натаму да продолжи“. бд/ссм/

Остани поврзан