• петок, 17 мај 2024

Отворен ден во Штип по повод одбележување на 75 години од формирањето на НАТО

Отворен ден во Штип по повод одбележување на 75 години од формирањето на НАТО

Скопје, 16 март 2024 (МИА) – По повод одбележување на 75 години од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство во Алијансата денеска во Штип Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со локалната самоуправа, организираат отворен ден за граѓаните.

На отворениот ден, како што е најавено, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини на припадниците на специјалните сили и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.

Граѓаните во директна комуникација со армиските припадници ќе можат да се запознаат со техничките карактеристики на воената опрема и возила меѓу кои и најновите возилата од видот JLTV, обученоста и опремата на специјалните единици на Армијата.

На активноста, како што е најавено, ќе присуствува министерката за одбрана Славјанка Петровска, командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Сашко Лафчиски и претставници од локалната самоуправа.

Ова е трет по ред отворен ден како дел од планирани настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Северна Македонија во НАТО. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан