Отворени изложбите „Со кругот низ пејзажот“ и „Со кругот во коцката“
- „Со кругот низ пејзажот“ на Петра Јовановска и „Со кругот во коцката“ на Валентина Илијевска се двете изложби кои беа отворени вчера во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во
Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) - „Со кругот низ пејзажот“ на Петра Јовановска и „Со кругот во коцката“ на Валентина Илијевска се двете изложби кои беа отворени вчера во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.
Виолета Калиќ, историчар на уметноста, која ја отвори изложбата, ја истакна релацијата меѓу делата на двете уметници кои според неа остваруваат взаемен дијалог посочувајќи ги бројните дискурси и светогледи преку лексиката на симболите и концептуалноста.
- Во вакви критични или „гранични ситуации“ кои се случуваат циклично низ времепловот личното и универзалното коинцидираат со еден симултан след на секвенци, фрагменти со кои се идентификуваме низ историјата или во овие мигови на почесто соочување и со самиот себеси и нашиот изминат пат, кој сега го редефинираме според значењето,талкајчи низ лавиринтите во потрагата за смислата на живеењето, за мисијата која ја имаме како битија, во разоткривањето и досегнувањето на суштинските вредности, кои ги идентификуваат микро-клетките како и макро универзумот од кој потекнуваме, аналогијата на системите во кои се одвива генезата во сите сфери и социолошки и технолошки, истакна Калиќ.
Проектот е поддржан од Град Скопје. бт/сп/