• сабота, 23 ноември 2024

Отворена изложба по повод Денот на пролетта и Денови на екологијата во „Ко-Ра“

Отворена изложба по повод Денот на пролетта и Денови на екологијата во „Ко-Ра“
Скопје, 22 март 2022 (МИА) - Во Галеријата „КО-РА“ од вчера е отворена изложбата по повод  Денот на пролетта и Деновите на екологијата, на која се претставени преку четириесетина учесници со земјава и од странство. Изложени се дела  во различни техники, слики, графики, скулптури, колажи, од новите медиуми, дигитални принтови, колажи, асамблажи, фотографија....
Се работи за традиционална мултимедијална изложба која Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје  почнува да ја организира уште од 1991 година.
Кураторот на овој тридецениски проект Виолета Калиќ изјави дека целта е да се побуди свеста за значењето за опстанокот на нашата планета Земја и да се поттикнува  и  заедништвото  и креативната визијата кај секој поединец.
Оваа  година помеѓу учесниците се Моника  Радхоф Трол од Германија, Ирена  Паскали од Германија, Поул Венг (САД), Рон  Мејерс (САД), Тепо Корте (Финска) Петра Јовановска, (Р.Чешка), Здравко  Кокановиќ  (Словенија), Гордана Квајо (Р.Хрватска), Бојана  Ромеро (САД), Виктор Бранѓолица (Р.Хрватска/Р.С.Македонија).
Има бројни  учесници од нашата држава, како Мира Спировска, Љубе Алексовски, Билјана Билбилоска, Љупчо Бојаров, Афердита Кики, Марија Светиева, Наим Исени, Наталија Пулејкова Радевска, Валентина Илијевска, Росица Лазеска, Виктор Јаневски,  Гоце Илијевски, Владимир Илиевски, Билгаиб Кочишта Биге, Ангелца Стоиљковиќ,  Ацо Таневски, Жанета Р.Спировска, Емилија и Стојче Тоциновски, Стефан Димовски,  Ивона Велковска, Билјана Петановска Илиевска, Вангел Срнаков, Анита Огњановска, Игор Поп Трајков,  Сузана Арсова, Гордана Винчиќ, Марија Перчуклиевска, Ленче Коцевска, Дијана Петкова, Светлана Пецакова, Илија Саздовски, Ванѓа Радевска, Еленка Илиоска...
Во малиот салон на Галерија „КО-РА“ е отворена изложбата на уникатни креации од познатата уметница од постарата генерација Мира Спировска, како и креации инспирирани од творештвото на графичарката Жанета Р. Спировска.
Изложбата ќе биде отворена до 5 април 2022 година. мд/са/

Тагови

Остани поврзан