• понеделник, 23 јуни 2025

Отворена изложбата „Часословот на Јаков од Камена Река" во Крива Паланка 

Отворена изложбата „Часословот на Јаков од Камена Река

Крива Паланка, 14 мај 2025 (МИА) - Во Центарот за култура во Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на фрагменти од македонскиот превод „Часословот на Јаков од Камена Река", а промовирана беше и книгата „На иста адреса" од Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски.

Панелите содржат репродукции од оригиналниот текст и компјутерска адаптација на преведениот текст на делото кое е печатено во 1566 година во Венеција.

-Значењето на изложбата е големо, запознавање на јавноста со длабоките корени на македонската писменост. Напоредно, со изложбата се претставени најдобрите трудови од конкурсот за калиграфија што прераснува во традиција на меѓународниот фестивал, рече Ѓорѓијоски.
Христина Деолска, по професија архитект, сликар во техника енкаустика, со бројни самостојни изложби во Македонија и Србија, има издадено три збирки поезија.

Заедно со Миле Ѓорѓијоски учествува во подготовката на првата антологија на европски афоризми „Трагачи по парадокси 3" и антологијата на поговорки, мудри мисли и афоризми за љубовта, жената и бракот „Во љубовта е вистината".

Миле Ѓорѓијоски има издадено над 50 книги со афоризми, автор е на првата книга со детски афоризми во Македонија, како и на 6 сликовници, една боенка со афоризми и една книга со детски епиграми, пишувана со македонско кирилично писмо и глаголица.

Книгата „На иста адреса" е уникатна комбинација од поезија, чијшто автор е Деолска и афоризми од напишани по инспирација од песните.

Изложбата се реализира во рамки на проектот за преземање изложби, поддржан од Министерството за култура и туризам.бт/

Остани поврзан