• сабота, 23 ноември 2024

Отворена дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување Скопје во Општина Арачиново

Отворена дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување Скопје во Општина Арачиново
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување Скопје, со цел доближување на услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување до невработените лица и нивна поголема информираност за активностите кои ги имплементира институцијата беше отворена денеска во Општина Арачиново. Како што информираат од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на отворањето присуствувале директорот на АВРСМ, Беким Мурати и градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими. Директорот на АВРСМ, Мурати потенцирал дека новоотворената канцеларија во Арачиново има за цел услугите кои Агенцијата за вработување ги нуди да станат подостапни за граѓаните и на тој начин да се зголемат нивните можности за интеграција на пазарот на трудот. - Во оваа дисперзирана канцеларија која ја отвориме денес невработените лица ќе можат за прв пат да се пријават и редовно да се пријавуваат како невработени лица, како и да добијат информации за сите услуги кои ги нуди Агенцијата за вработување на РСМ. Со тоа ќе ги намалиме нивните трошоци за превоз и ќе овозможиме поголема информираност, со цел нивно вклучување на пазарот на трудот, изјавил директорот на АВРСМ, Мурати. Во дисперзираната канцеларија во Арачиново невработените лица ќе може да извадат и потврда дека се невработени, како и да добијат прецизни и навремени информации за активните мерки и програми кои се дел од годишниот Оперативен план за вработување кој го имплементира АВРСМ. ар/дма/

Остани поврзан