• четврток, 19 декември 2024

Остин: САД ја суспендираа испораката на оружје за Израел поради Рафа

Остин: САД ја суспендираа испораката на оружје за Израел поради Рафа

Вашингтон, 8 мај 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ја запре испораката на муниција со висока експлозивност за Израел во контекст на плановите на Израел да изврши офанзива врз Рафа, на што се противи Вашингтон, доколку не се обезбедат нови гаранции за безбедноста на цивилите, рече министерот за одбрана на САД, Лојд Остин.

-Од почетокот многу јасно ставивме до знаење дека Израел не треба да изврши голем напад во Рафа без да ги земе предвид и да ги заштити цивилите кои се во тој борбен простор. И повторно, како што ја проценивме ситуацијата, запревме пратка на муниција, рече тој за време на сослушувањето во Сенатот.

Според него, засега САД не донеле конечен став за испоката на тој вид муниција за Израел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан