• петок, 22 ноември 2024

Османи: Не постои анекс на Договорот, нашиот пристап е добар

Османи: Не постои анекс на Договорот, нашиот пристап е добар
Скопје, 11 јануари 2020 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека не постои анекс на Договорот за пријателство и добрососедство  со Бугарија  со 12 точки и оценува дека се уште сме во фаза на размена на идеи од кои неколку можеби прераснале  во основа за надминување  на разликите, но не во таа фаза да може да се констатира конечен напредок. -Анекс од 12 точки којшто се спомнува не постои. Од почетокот на септември од  кога сум јас на оваа функција и откако ја интензивиравме  комуникацијата со Бугарија имаме споделено бројни документи, меморандуми, нон пејпери, предлози и идеи, дел ги има поднесено Република Бугарија, дел сме ги испратиле ние и врз основа на тие документи  работните групи од двете министерства и разговарале со месеци врз основа на тие предлози. Навистина не знам за кој  документ се зборува бидејќи бројни такви документи имало но нема документ кој се нарекува анекс и кој има 12 точки, рече Османи, вечерва во гостување на ТВ Телма. Се уште, дополни, сме во фаза на размена на идеи од кои неколку можеби прераснале  во основа за надминување  на разликите, но не во таа фаза да може да се констатира конечен напредок. Најдобриот начин, укажа, на кој ќе одговорите на провокациите е доколку  на маса најдете решение без притоа да ги загрозите прашањата кои се важни  за државниот и националниот интерес на граѓаните и народите кои се овде. -Мислам дека има напредок во овие четири месеци независно што не стигнавме да го заокружиме прашањето има јасна дистинкција по однос на прашањата кои беа  покренувани  на почеток и во официјалните документи до сегашната позиција бидејќи пополека како  комуницираме повеќе, како се интензивираше комуникацијата во овој период, се повеќе се разјаснуваа одредени работи, наведе Османи. Нашите позиции, истакна, биле јасни од старт, не разговараме за идентитетските прашања, за историјата во функција на ревизија на идентитетот но да, спремни сме отворено да разговараме за сите стереотипи, за сите рецидиви од минатото којшто го создале антибугарскиот поглед овде, дали во нашиот образовен процес, дали воопшто во општеството и тие прашања треба отворено да се разговараат и тоа со самодоверба, без никаков страв дека тоа ќе загрози некого, рече Османи. Тој смета дека нашиот пристап е добар и оти треба мудрост и внимателност. Тие што реагираат на секоја изјава која се дава во држава во која имаизборен процес не мислам дека мудро пристапуваат на ова прашање, посочи министерот за надворешни работи. Треба, вели Османи, да ги коригираме евентуалните стереотипи, но како што кажува историјата во функција на образованието и приближувањето на народите, а не историјата во функција на ревизија на идентитетот и идентитетските прашања. Мислам дека времето треба да ги разгранични јасно, како ќе се разграничат овие две позиции и историската комисија со поголема самодоверба ќе работи во изнаоѓање на решенија, наведе Османи. Од Бугарија, каде од денеска е во посета специјалниот пратеник на Северна Македонија Владо Бучковски и кој имаше средба со вицепремиерка Екатерина Захариева, како што рече, е добиен одговор на нашиот Акциски план и ќе имаме појасна позиција откако ќе биде разгледан во наредните денови. -Акцискиот план што предложивме сметаме дека е добра основа за создавање амбиент и во овој период сакаме да се фокусираме на акцискиот план, наведе Османи, појаснувајќи дека акцискиот план ќе создаде амбиент на доверба во којашто на прашањата кои се оптоварени со емоции ќе се  пристапи порационално. Се работи за практични прашања кои се важни за граѓаните и економиите од двете страни на границата. Акцискиот план содржи конкретна комуникација  во делот на забрзување на Коридорот 8, сорабнотката во обарзованието, енергетиката, културата, економијата, информатилчкото опшеттсво,  помеѓу агенците за млади и спорт итн... Сето тоа треба да создаде доверба помеѓу владите и народите во двете држави и со тоа да се подобри амбиентот, рече Османи.лв/      

Остани поврзан