• среда, 25 декември 2024

Османи во улога на домаќин се обрати на свеченото отворање на „Преспа Форумот за дијалог“

Османи во улога на домаќин се обрати на свеченото отворање на „Преспа Форумот за дијалог“

Охрид, 1 јули 2021 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Охрид имаше обраќање на свеченото отворање на првата меѓународна конференција во рамките на Преспа Форумот за дијалог. 

Османи, како домаќин на Конференцијата, посочи дека фактот што градот Охрид е избран за место на одржување на овој настан носи двојна симболика. Во овој град беше потпишан историскиот Охридски рамковен договор, при што нагласи дека истиот ја постави рамката за нашата функционална мултиетничка демократија со која сме толку горди и во извесна смисла ги постави темелите и го отвори патот за следните два договори што дојдоа подоцна. 

Министерот Османи, ставајќи ги во една синергија Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за пријателство со Бугарија истакна: 

Додека првиот донесе внатрешна кохезија во земјата, Преспанскиот отвори ново поглавје на пријателството со нашите соседи, стави крај на скоро триесетгодишната разлика, а тука секако доаѓа и Договорот за пријателство со Република Бугарија. Ова се трите пресвртници на нашиот пат кон градење на модерна, демократска држава, Република Северна Македонија. Заеднички именител на трите договори е тоа што тие се постигнати преку дијалог. Тие ја презентираат нашата автентична приказна и служат како инспирација за воспоставување на Преспа Форумот за дијалог, како платформа за унапредување на помирувањето, градење доверба и политички дијалог“. 

Османи зборувајќи не само за договорите, туку и за една од целите на воспоставувањето на Преспа Форумот за дијалог нагласи дека истиот претставува мисија, наречена, „дебалканизација" на регионот и во тој контекст заклучи: 

Од оваа перспектива, резултатите ни даваат право да заклучиме дека овие три договори го поставија патоказот што ни покажа насока по која треба да се движи Западниот Балкан, со цел да се постигнат стратешки поставените цели за интеграција во ЕУ и членство во НАТО и со тоа да не ослободат од товарот на поимот „балканизација“. Терминот честопати се смета за синоним за поделби, недоразбирања и расправии, наметнати колку од географијата, така и од историските околности, но ние сме спремни да го смениме тоа".

Министерство за надворешни работи __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан