• понеделник, 25 ноември 2024

Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа

Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 133-тата сесија на Комитетот на Министри на Совет на Европа во Стразбур.

Како што соопшти МНР, покрај обраќањето на утрешната сесија, тој вечер ќе учествува на работната вечера на тема „Отпорноста на европскиот проект во време на бројни закани“, организирана од Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и претседателката на Комитетот на министри на Лихтенштајн, Доменик Хаслер.

За време на престојот во Стразбур, на маргини на сесијата на Совет на Европа, Османи ќе оствари и бројни средби со негови колеги од различни земји, се додава во соопштението на Министерството. нд/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан