• сабота, 16 ноември 2024

Оскаровецот Ентони Дод Ментл на ИФФК „Браќа Манаки“: Секогаш ги сакав игрите со светлината

Оскаровецот Ентони Дод Ментл на ИФФК „Браќа Манаки“: Секогаш ги сакав игрите со светлината

Битола, 21 август 2022 (МИА) - Британско-данскиот кинематограф Ентони Дод Ментл, годинешен добитник на наградата Златна „Камера 300“ за животен опус, на мастер клас во Битола истакна дека секогаш ги сакал игрите со светлината, иако во еден период мислел дека ќе биде сликар.

Пред аудиториумот, заедно со својот домаќин, а годинешен добитник на почесна златна „Камера 300“, Најџел Волтерс, кинематограферот Дод Ментл потсети дека како млад работел разни физички работи во Британија и во Данска, потоа поминал подолг период во Индија, каде што своевремено живееле и работеле неговите баба и дедо. Таму на најдобар начин го споил воодушевувањето од пејзажите и питорескниот социјален живот на тој континент, но и – фотографијата, истакна оскаровецот Дод Ментл пред аудитоирумот во Битола.

-Моите најпознати соборци од разни фази на кариерата се Трир кој секогаш сакаше да провоцира, потоа Винтерберг во „Семејна прослава“, Дени Бојл, со чиј филм „Сиромашниот милионер“  го освоив „Оскарот“ за кинематографија и други…Секој филм е „ѕверка“, има свој живот, и си зазема сопствена форма, па крајниот исход може да биде непредевидлив, истакна Ментл.

На мастер класот беа емитувани извадоци од неколку значајни филмови во кои камерата е во рацете на Дод Ментл.

-Сите кинематографери треба да го прават тоа што го сакаат и ги возбудува, посочи Ентони Дод Ментл на крајот на неговиот мастер клас кој го водеше Најџел Волтерс, дологодишен прв човек на ИМАГО. мт/бк/

Остани поврзан