• понеделник, 23 декември 2024

Општина Штип распиша оглас за продажба на парцела кај Стари бунари

Општина Штип распиша оглас за продажба на парцела кај Стари бунари

Штип, 26 јануари 2024 (МИА) - Општина Штип продава една градежна парцела на место викано Стари бунари или Туртел во Штип. Раководителот на Сектор за урбанизам при Општина Штип, Лазар Хаџи Николов денеска изјави дека е објавен огласот од страна на Комисијата за отуѓување на градежно земјиште, и самата парцела ГП1 е ставена на продажба. Заинтересираните субјекти може да поднесуваат пријави до 26 февруари 2024 година, а лицитацијата ќе се одржи на ден 28 февруари. Сите потребни информации за пријавата се веќе објавени и може да се видат на страната на општината.

-Оваа градежна парцела е со намена големи единици за трговија и истата е со вкупна површина од 8.700 метри квадратни. Заинтересираните субјекти ќе може да поднесат пријави заклучно со 26.02.2024 година, а лицитацијата ќе се одржи на 28.02.2024 година, рече Хаџи Николов.

Тој посочи дека заинтересираните  треба да приложат банкарска гаранција во висина од 20 милиони денари. Почетната цена за наддавање на парцелата е 2.300 денари.

-Помеѓу останатите документи кои треба да бидат приложени кон пријавата, заинтересираниот објект треба да приложи банкарска гаранција во висина од 20 милиони денари. Почетната цена за наддавање за оваа градежна парцела е 2.300 денари со чекор на наддавање од 230 денари, додаде Хаџи Николов.

Програмата за отуѓување на градежно земјиште за подрачје на Општина Штип за 2024 година предвидува и други локации за отуѓување. Тие ќе бидат понудени на продажба кога ќе се создадат соодветни услови, во текот на годината. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан