• сабота, 06 јули 2024

Општина Штип додели признанија на најдобрите наставници

Општина Штип додели признанија на најдобрите наставници

Штип, 5 октомври 2023 (МИА) - Десетта година по ред во Штип се одржа свечена академија по повод Светскиот ден на наставникот, на која се доделија признанија, а втора година по ред и ваучери за најистакнатите наставници од основните и средни училишта, како и од градинките на територија на Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на свечената академија дека во изминатиот период се вложуваше и во инфраструктурата со цел да се подобри образованиот процес во општината.

-Многу од она кое го комуницираме и од кое произлегуваат нашите обврски како директни чинители – имаме обврска заедно да ги реализираме во насока на подобрување на воспитно образовната дејност, но и самата инфраструктура во градинките, во основните и средни училишта, вели Јорданов.

Голем број предизвици, многу проблеми и желба да се постигнат резултати и да се научат децата нешто плус. Марија Иванова од Општинското основно училиште „Димитар Влахов“ вели дека наставниците се свесни за новото време во кое живееме и затоа се прават напори децата да добијат квалитетно образование.

-Учителот е столбот на општеството, децата се нашата иднина иако во последно време образовниот процес е со големи оптоварувања, проблеми од секаков тип сепак учителот си ја знае задачата и се надевам дека образованието ќе продолжи по истиот пат како досега, вели Иванова.

Работилници, проекти, многу внимание и напорна работа е она што наставниците го прават и треба да го прават во иднина за да може децата од најмали нозе да научат. вдј/ир

Фото: МИА

Остани поврзан