• сабота, 23 ноември 2024

Општина Центар почна со пролетна дератизација

Општина Центар почна со пролетна дератизација

Скопје, 22 март 2024

Општина Центар започна со редовна пролетна дератизација на цела територија. Во наредните две недели ќе бидат опфатени и дератизирани две илјади шахти, со цел уништување на штетни глодари, инсекти и превенција од заразни болести.

Дератизација во Општина Центар се врши два пати годишно во пролетниот и во есенскиот период и ова е една од општите мерки што Општината ги презема за заштита на населението од заразни болести.

Општина Центар ги известува граѓаните дека препаратот што се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. Издаден е со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за останатиот животински свет.

Општина Центар

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Општина Центар

Остани поврзан