• вторник, 05 ноември 2024

Општина Центар започнува со изведба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и Буњаковец

Општина Центар започнува со изведба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и Буњаковец

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Општина Центар по барање на граѓаните започна со изведба на нови и реконструкција на постоечки пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и улицата Никола Тримпаре во населбата Буњаковец.

Како што денеска соопштија од Општина Центар, започнато е со изведба на пешачки патеки со бекатон плочки околу Олимпискиот базен, а со бекатон плочки се поплочува и улицата „Никола Тримпаре“ во населбата Буњаковец, која при пороен дожд го отежнувала сообраќајот за возилата и пешаците.

- Со изградбата на пешачките патеки Општина Центар продолжува да ја подобрува состојбата на постојните патеки, како и да изведува нови пешачки патеки на нејзина територија кои ќе придонесат за нејзин развој и разубавување, стои во соопштението од Општина Центар. цр/

Фото:Општина Центар

Остани поврзан