Општина Центар го расчистува снегот: фрлени 15 тони сол, механизацијата на терен, отворени телефони за пријави
- Општина Центар повика да се пријавуваат критични точки на телефонските броеви 075 219 068, 076 313 381 и 075 476 768, со цел службите веднаш да интервенираат и да го расчистат теренот.
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Службите на Општина Центар од утринава се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот. Фрлени се 15 тони сол на коловозите, со приоритет на најкритичните точки. Механизацијата интервенира на пристапите кон Водно, каде што се расчистува снегот и се фрла сол - соопштија денеска од Општина Центар.
- Паралелно се чистат тротоарите и пешачките патеки, како и просторот околу здравствените установи, училиштата и градинките, за безбедно движење на граѓаните и учениците - истакнаа од локалната самоуправа.
Општина Центар повика да се пријавуваат критични точки на телефонските броеви 075 219 068, 076 313 381 и 075 476 768, со цел службите веднаш да интервенираат и да го расчистат теренот.
Во пишаната изјава на градоначалникот Горан Герасимовски беше истакнато дека службите постојано се на терен.
- Имаме доволни резерви сол, а механизацијата го расчистува снегот на местата што се под наша надлежност - беше истакнато во изјавата на градоначалникот во соопштението. бд/са/
Фото: Општина Центар