• сабота, 23 ноември 2024

Општина Тетово најавува изградба на регионален центар за бездомни кучиња со прифатилиште

Општина Тетово најавува изградба на регионален центар за бездомни кучиња со прифатилиште

Тетово, 20 септември 2021 (МИА) -  Од Општина Тетово по вчерашниот настан во кој тешко е повредено петгодишно дете од Мала Речица поради напад од бездомни кучиња најавија дека ќе се обезбедат дополнителни средства за третман на животните скитници, како и дека преку регионален пристап ќе се надминуваа оваа проблематика. Информираат дека се изработува проект со помош на Програмата за разој на Обединетите Нации (УНДП) и Шведската агенција за меѓународна соработка.

-УНДП во моментов бара искусна компанија за проектирање за поддршка на проектот Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти во изработката на документација за урбанистички проект (вклучително и идејно техничко решение) и основен проект (за сите технички фази) за изградба на регионален центар за бездомни кучиња со прифатилиште. Од избраната компанија се очекува да изработи техничка документација потребна за одобрение за градење и да соработува со тимот на УНДП за имплементација на проектот, во тесна соработка со лицето за контакт за проектот од Центарот за развој на полошкиот плански регион. Овој проблем е проблем на државно ниво и за решавање потребна е државна стратегија за целосно искоренување на оваја појава која за жал денес резултираше со напад на петгодишно дете од Речица, се вели во соопштението од канцеларијата за односи со јавноста при Општина Тетово.

Од Министерството за здравство информираат дека поради сериозноста на повредите детето е хоспитализирано на Универзитеската клиника за детска хирургија во Скопје, каде ја прима соодветната терапија и е стабилно. ас/мд/

Остани поврзан