• петок, 22 ноември 2024

Општина Тетово: Долгот е намален од 14 на осум милиони евра

Општина Тетово: Долгот е намален од 14 на осум милиони евра

Тетово, 11 ноември 2023 (МИА) - Општина Тетово преку соопштение до јавноста иформира дека го намалила долгот на општината за шест милиони евра во однос на 2021 година. Во соопштението нема повеќе детали како е извршено намалувањето. 

-По две години, новото раководство целосно ја промени финансиската состојба на општината. Во моментов Општина Тетово има долг од 8 милиони евра, додека во 2021 година имала 14 милиони. Овој финансиски успех означува важна пресвртница во управувањето со јавните средства и несомнена посветеност да се осигура дека секое евро оди за инвестиции и квалитетни услуги за нашиот град и граѓаните, информират од Канцеларијата за комуникации и односи со јавноста на Општина Тетово.

Во ноември 2021 година, кога ја презеде должноста градоначалникот Билал Касами информираше дека од вкупно 24 милиони евра долгови - 14 милиони се на името на Општина Тетово, Јавното комунално претријатие (ЈКП) Тетово должи 9,7 милиони евра, 187 илјади е долгот на ЈП Градски паркинг и 77 илјади евра должат училиштата. ас/вг/

Фото: Општина Тетово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан