• недела, 20 октомври 2024

Општина Сарај: Не добивме финансиска поддршка од Владата иако аплициравме регулрано и навремено

Општина Сарај: Не добивме финансиска поддршка од Владата иако аплициравме регулрано и навремено

Скопје, 19 октомври 2024 

Општина Сарај не доби финансиска подршка од повикот на владата, иако
аплицираше регуларно и навремено во надлежните институции. Односно,
главен одговорен за тоа е Министерството за екологија и животна средина
предводена од Изет Меџити, која и после 4 месеци и пуштени две ургенции
од страна на општината, го блокираше и не даде согласност на проектот за
патот во село Ласкарци. Поточно, ресорното министерството според
предвидените рокови со закон, требаше да даде согласност најкасно до 19
Јули 2024 година, кое сеуште не го сторилa. Истотака, општината за овие
обструкции го извести писмено и Министерството за локална самоуправа.

Истотака, владата не го подржи и вториот проект, односно, проектот за
патот Долно Свиларе - Горно Свиларе, кое ги има сите потребни технички
документи.

Затоа, не можете да ги измамите жителите на Сарај дека се грижите и сте
подготвени како централна власт да помогнете и да издвоите средства за
проекти кои доаѓаат од оваа општина.

Немојте повеќе со измислици и празни изјави, само дајте согласност за
предметниот проект и не го чувајте во "фиока" како што тоа го правите од
јули оваа година.

Каде е закочена работата и кој го попречува предметниот проект, секој
може лесно да увиди и докаже од следните документи 👇

https://www.facebook.com/share/p/K4hAYsnp2mJrwnJr/

Општина Сарај

______________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан