• петок, 05 декември 2025

Општина Пехчево започна со изградба на Градска капела

Општина Пехчево започна со изградба на Градска капела

Пехчево, 26 септември 2025 (МИА) – Општина Пехчево отпочна со градежните активности за изградба на Градска капела. Проектот произлегува од барањата на граѓаните, изнесени на форумските сесии за 2025 година, и е дел од програмата на градоначалникот, Александар Китански.

Според локалната самоуправа, изградбата на капелата претставува значаен чекор за подобрување на комуналната и јавната инфраструктура, со цел обезбедување достоинствен простор за потребите на жителите.

Инвеститор на проектот е Општина Пехчево, која средствата за изградбата ги обезбеди од сопствениот буџет.

Од Општината апелираат до граѓаните за разбирање и трпение поради евентуалните ограничувања кои би можеле да се појават за време на градежните работи. вс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан