• четврток, 18 јули 2024

Општина Македонска Каменица ја зголеми паричната поддршка за санирање на штетите од поплавите во Делчево

Општина Македонска Каменица ја зголеми паричната поддршка за санирање на штетите од поплавите во Делчево

Македонска Каменица, 13 јуни 2023 (МИА) - Општина Македонска Каменица ја зголеми паричната поддршка за санирање на штетите по силното невреме кое минатиот четврток ја зафати соседната Општина Делчево. Наместо првичните 500.000 денари, кои ги најави градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, каменичкиот Совет на вчерашната седница донесе одлука за зголемување на финансиската помош за Општина Делчево на 600.000 денари.

На предлог на советникот од независната листа на Советници, Дарко Гоцевски, за одлуката за зголемување на средствата, гласаа 9 советници и 1 воздржан. Во неговото обраложение пред советниците беше нагласено дека зголемувањето на средствата се иницира бидејќи штетите по имотите на граѓаните и инфраструктурата во Делчево се огромни и секоја помош е добредојдена.

Претходно парична помош за Општина Делчево изгласаа Советите на општините Аеродром и Ѓорче Петров кои ќе доделат 600.000 односно 300.000 денари за санирање на штетите од невремето. вс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан