• четврток, 19 декември 2024

Општина Македонска Каменица распиша јавна набавка за дератизација на канализационите шахти и градската депонија

Општина Македонска Каменица распиша јавна набавка за дератизација на канализационите шахти и градската депонија

Македонска Каменица, 22 октомври 2024 (МИА) - Општина Македонска Каменица објави јавна набавка за услуги за дератизација на канализационите шахти и градската депонија согласно одредбите од Законот за заштита на населението од заразни болести и Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести. 

- Дератизацијата на канализациони шахти и градска депонија е од суштинско значење за спречување на ширењето на болести и одржување на високи хигиенски стандарди, се вели во соопштението од Општина Македонска Каменица.

Со оваа акција, како што додадоа, ќе се намалат ризиците од појава на штетни инсекти и глодари, кои претставуваат потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

- Пред почетокот на спроведувањето на оваа мерка, граѓаните благовремено ќе добијат предупредување за ограничено движење во близина на третираните позиции и отворени простори на територијата на Општина Македонска Каменица, додадоа од Општината.

Оваа мерка, како што посочија, претставува уште еден чекор во нашата посветеност кон обезбедување на чиста и здрава животна средина за сите жители на општината. вс/цр


Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан