• петок, 22 ноември 2024

Општина Маврово и Ростуше за првачињата обезбеди по 3 000 денари и училишен прибор

Општина Маврово и Ростуше за првачињата обезбеди по 3 000 денари и училишен прибор

Дебар, 1 септември 2023 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше и во новата 2023/2024 учебна година за првачињата  обезбеди еднократна финансиска помош и училишен прибор.

Во оваа општина првпат во ученичка клупа седнаа 37 првачиња или две повеќе од минатата учебна година. 

По традиција градоначалникот Медат Куртовски ги посети училиштата и им посака среќен и успешен почеток на новата учебна година на сите ученици, а на првачињата им додели сет со училишен прибор.

- Среќен почеток и успешна  учебна година на сите ученици во општина Маврово и Ростуше, каде во сите основни и подрачни училишта како и во средното општинско училиште денеска започна новата учебна година.  На сите ученици, родители, наставници и директори им посакувам пред се здравје и среќа и година исполнета со учење, другарство, радост и успех, посака Куртовски.

Во оваа општина функционираат четири основни со повеќе подрачни училишта во кои настава следат над 500 ученици.

Во сите нив покрај другите редовни мерки и активности преземени за нормален наставно-воспитен процес, извршена е и дезинфекција на училишните простории во сите нив. вт/мч/

Остани поврзан