• петок, 22 ноември 2024

Општина Куманово поставува нова урбана опрема во Соколански парк

Општина Куманово поставува нова урбана опрема во Соколански парк

Куманово, 19 јуни 2024 (МИА) - Општина Куманово поставува нова урбана опрема во Соколански парк, информираа денеска надлежните од Општината.

Оттаму додаваат дека продолжува поставувањето клупи и урбана опрема во паркот и оти уредувањето на паркот се споредува во фази. Претходно беше поставена фонтаната и беа уредени дел од патеките наменети за пешаци.

За реконструкцијата на Соколанскиот парк и паркинг со спортско игралиште во комплекс на Соколана, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, општината од буџетот одвои речиси 13 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност.

Според планираното, во следните фази од реконструкцијата се планира изградба на изградба на детско катче, реквизити за рекреација, паркинг простор и партерно уредување околу објектот.

Во меѓувреме несовесни граѓани фрлиле клупа поставена на кејот. Урбаната опрема постојано е мета на вандалско однесување на одредени групи граѓани. Кумановци реагираат и бараат видеонадзор, проактивно дејствување на локалните и централните власти и санкционирање на сторителите.

Претходно, од општина Куманово информираа дека во тек е постапка за собирање на локации и вршење анализа за приоритетни места за поставување на видеонадзор.

-При ова се водиме од позитивна законска регулатива, во соработка со Агенција за заштита на лични податоци, велат од општина Куманово. ам/сст/


Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан