• понеделник, 12 јануари 2026

Општина Кисела Вода вечер го отвора првиот Божикен театарски фестивал

Општина Кисела Вода вечер го отвора првиот Божикен театарски фестивал

Скопје, 3 јануари 2026 (МИА) - Општина Кисела Вода денеска го отвора првиот Божикен театарски фестивал во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Свеченото отворање започнува во 19 часот со музички настап на бендот „Браќата“, по што следува театарската претстава „Во царството на другарството“ во изведба на Театар ХИТ. Автор и режисер на претставата е Сашо Ристовски, а улогите ги толкуваат Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчевска, информираат попладнево од локалната самоуправа.

Програмата продолжува утре со претставата „За нас почнува живот“ на Театарското здружение „МАНА“, а на завршната вечер на 5 јануари ќе бидат изведени „Кралица Срце“ на Театарското здружение „Триангл“ и „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“.

-Влезот за сите претстави е бесплатен, но, поради ограничен број на места, потребна е претходна регистрација. Ве молиме регистрирајте ја вашата карта со податоци најдоцна денеска, 3 јануари 2026 година, до 15:30 часот, на следните телефонски броеви: Даниела – 075/380-928, Верица – 071/804-474, се наведува во соопштението. бд/вг/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан