Општина Кавадарци и оваа година го продолжува проектот Бесплатен оброк за секое дете
- -Овој проект се покажа како доста корисен и успешен во кој со 20 милиони денари од општинскиот буџет обезбедуваме разновиден и здрав оброк за 1730 ученици од прво до петто одделение во сите основни општински училишта на територија на Кавадарци, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Кавадарци, 16 септември 2025 (МИА) - Општина Кавадарци и оваа година го продолжува проектот „Бесплатен оброк за секое дете“, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Овој проект се покажа како доста корисен и успешен во кој со 20 милиони денари од општинскиот буџет обезбедуваме разновиден и здрав оброк за 1730 ученици од прво до петто одделение во сите основни општински училишта на територија на Кавадарци, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека овој проект не е само финансиска поддршка за родителите, туку и вистинска инвестиција во здравјето и образованието на младата генерација.
-Општина Кавадарци останува посветена, сега но и во иднина и ќе продолжи да вложува и инвестира во образованието и создавањето на еднакви услови за сите ученици, истакнаа од кабинетот на градоначалникот. свд/нд/
Фото: Фејсбук страница на градоначалникот Митко Јанчев