• сабота, 06 јули 2024

Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во Ограѓе

Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во Ограѓе

Скопје, 4 јули 2024

 

Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во м.в. Ограѓе, населба Илинден. Во рамки на проектот ќе се гради примарна мрежа за фекална канализација во должина од 960 метри, пришто ќе бидат опфатени домаќинствата од улица.3, ул.5, ул.7 и дел од улица 2. Оваа мрежа на фекална канализација ќе се поврзе со пречистителната станица во н.м. Илинден

Увид на терен денеска направи градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, кој истакна дека фекалната канализација ќе ги опфати домаќинствата кои немаат фекална канализација во тој дел од општината. Тој додаде дека инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

За време на реализација на проектот, ќе се врши ископ и поставување на шахти и цефки за фекална канализација пришто Општина Илинден апелира до граѓаните за соработка, почитување на поставената сигнализација и внимателност при движење во периодот кога се одвиваат градежните активности. Работите на терен ќе ги изведува фирмата ЕХИ ДОО.

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан