• сабота, 06 јули 2024

Општина Илинден собира предлози од граѓаните за изработка на новиот буџет

Општина Илинден собира предлози од граѓаните за изработка на новиот буџет
Скопје, 26 ноември 2022 (МИА) - Процесот на изработка на Буџетот за 2023 година е во тек, Општина Илинден согласно финансиските можности, издржливоста и остварливоста на проектите ќе ги интегрира сите предлози на граѓаните во програмата за работа. Како што соопштуваат од општина Илинден градоначалникот Александар Георгиевски, бил во интензивна комуникација со ѓраѓаните во населените места во Општината, и во секој дом, лично доставувал анкетен прашалник преку кој граѓаните активно можат да учествуваат во креирањето на Буџетот. -Општина Илинден посветено работи на решавање на проблемите на граѓаните, ваквата инклузивна можност за активно учество во креирањето на буџетот е дел од транспарентното работење локалната власт. Сите предлози ќе бидат темелно анализирани, Општина Илинден според своите финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите ќе ги инкорпорира во планот за работа според нашите буџетски програми, стои во соопштението. Граѓаните исто така имат можност сите свои потреби да ги достават и преку електронски пат (ilinden@ilinden.gov.mk) со пополнување на анкетен лист/прашалник на нашиот сајт www.ilinden.gov.mk, или да ги достават во архивата на Општината секој работен ден до 30.11.2022 година. свс/дма/

Остани поврзан