• четврток, 19 декември 2024

Општина Зелениково: Тауресиум првпат е предмет на уредување

Општина Зелениково: Тауресиум првпат е предмет на уредување

Скопје, 11 јуни 2024

Општина Зелениково денес направи огромен исчекор и даде огромен влог во доменот на културата! Родното место на Св. цар Јустинијан Први, археолошкиот локалитет Градиште, во с.Таор-Tauresium за некој месец од денес ќе биде уредено со соодветна инфраструктура, туристичка сигнализација, партерно уредување и улично осветлување. 


Тауресиум како место од големо културно-историско значење за Македонија за прв пат е предмет на уредување и тоа по инцијатива на градоначалникот Коста Маневски, т.е. локалната власт. На само 22км од центарот на Скопје ова место е се уште недоволно познато за пошироката јавност. Таор е рај за љубителите не само на археологијата, историјата и културата туку и за љубителите на алтернатнивниот туризам. 


Заедно со директорот на ЦРСПР, г-дин Јане Мицевски, со изведувачот на проектот, конзерваторскиот надзор, надзорот од страна на општината и останатите претставници од општината и Центарот за развој на скопски плански регион денес направивме вовед во работа каде се потенцираа главните активности и деталите за кои ќе стане збор за време на работните активности.


Историјата и културата се компасот што треба да ги води новите генерации, како алатка која обезбедува посебен идентитет, а лекциите од минатото се основа за промислена иднина. 


Проектот ,,Подобрување на туристичка сигнализација и инфраструктура преку поставување туристичка сигнализација и партерно уредување со улично осветлување на археолошки локалитет Градиште,с.Таор-Tauresium,, е заедничка реализација на Центар за развој на скопски плански регион и Општина Зелениково, а е финансиран од самата општина и Биро за регионален развој. 

Градоначалник на Општина Зелениково Коста Маневски 

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: Општина Зелениково

Остани поврзан