• понеделник, 12 јануари 2026

Општина Демир Хисар со јавни опомени до даночните обврзници за неплаќање данок

Општина Демир Хисар со јавни опомени до даночните обврзници за неплаќање данок

Демир Хисар, 30 декември 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар преку Одделението за финансиски прашања јавно го објави списокот на физички и правни лица, даночни обврзници кои не го подмириле долгот кон општината.

Акцијата за прибирање на данокот се одвива под мотото „Мојот данок, за мојата Општина – до подобри општини со навремено подмирување на долгот!“ и се очекува до средината на идниот месец да заврши со подигнување на даночните решенија кои ги издава Одделението за финансиски прашања на Општина Демир Хисар.

- Сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, на кои не им било доставено решение, или од кои било причини не добиле решение со соодветно задолжение за 2025 година и опомени за заостанат долг за данок на имот за периодот заклучно со 2024 година и опомени за заостанат долг за комунална такса заклучно со 2025 година, да се јават во Одделението за финансиски прашања во Општина Демир Хисар за подигање на даночните решенија. Списоците со недоставени решенија и опомени се објавени на огласна табла во просториите на Општина Демир Хисар, како и на официјалната веб страна www.demirhisar.gov.mk, посочија од тамошната локална саммоуправа.

Според јавно објавениот список на недоставени решенија за комунална такса за 2025 година и недоставени опомени заклучно со 2025 година, евидентирани се 38 физички и правни лица чиј данок се движи од 500 до 96 илјади денари, додека на списокот на недоставени решенија за данок на имот за физички и правни лица за 2025 година и недоставени опомени заклучно со 2024 година се 604 физички и правни лица чиј данок се движи од 80 денари до 28 илјади денари, информираа од Општина Демир Хисар. мт/ев/

ФОТО: МИА

Остани поврзан