• петок, 22 ноември 2024

Општина Дебар ќе го намири долгот на основните училишта за обезбедување енергенси за затоплување

Општина Дебар ќе го намири долгот на основните училишта за обезбедување енергенси за затоплување

Дебар, 20 март 2024 (МИА) - Општината Дебар ќе го намири долгот на трите општински основни училишта направен за набавка на енергенси за затоплување на училишните простории.

-Станува збор за долг на трите училишта во износ од 950 илјади денари. Одделно гледано долг од по 350 илјади денари имаат ООУ „Саит Најдени“ во градот и ООУ „Ристе Ристевски“ село Долно Косоврасти, како и 250 илјади денари ООУ „Пенестија“ во градот. Одлука за тоа донесена е од страна на Советот, што е поддржана и од градоначалникот Хекуран Дука, изјави за МИА, Фуат Спахиу, претседател на Советот на општината.

Тој додава дека од средното општинско училиште „28 Ноември“ немало барање, што подразбира дека истото ги има намирено фактурите за набавка на нафта за системот за парно греење.

Во двете основни училишта во градот системите за затоплување работат на нафта, додека во училиштето во Долно Косоврасти на огревно дрво.

Настава на македонски и албански наставен јазик во основните и нивните подрачни училишта следат над 1.500 основци. вт/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан