• петок, 22 ноември 2024

Општина Гевгелија додели две стипендии за спа терапевти

Општина Гевгелија додели две стипендии за спа терапевти
Гевгелија, 16 ноември 2020 (МИА) - Меморандумот за соработка на Општина Гевгелија со невладината Спа и Велнес асоцијација од Гевгелија резултираше со доделување на две бесплатни стипендии за обука на спа терапевти што денеска на избраните кандидатки им ги врачи градоначалникот Сашо Поцков. Организираните обуки од програмата на Спа и Велнес асоцијацијата избраните кандидатки почнаа да ги посетуваат од вчера во просториите на Пионерскиот дом во Гевгелија под водство и надзор на професионален обучувач. Од асоцијацијата посочија дека по завршувањето на обуката на кандидатите ќе им се понуди можност за отворање на сопствен бизнис или вработување во странски и домашни компании партнери на асоцијацијата. - Стипендиите на кандидатките сигурно ќе им помогнат стручно да се квалификуваат во избраните области.Со ваквата соработка Општина Гевгелија само го поттикнува продуцирањето на одредени профили стручни кадри кои моментно се дефицитарни и барани на пазарот на трудот,рече градоначалникот Сашо Поцков. им/аа/

Остани поврзан