• понеделник, 23 декември 2024

Општина Гази Баба ја започнува постапката за креирање на буџетот за 2025 година

Општина Гази Баба ја започнува постапката за креирање на буџетот за 2025 година

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Општина Гази Баба од денеска ја започнува постапката за креирање на буџетот за 2025 година што ќе се реализира во неколку фази.

Во првата фаза, како што соопштија од Општина гази Баба, ќе се организира сеопфатен граѓански дијалог во кој граѓаните ќе имаат можност да ги кажат своите идеи и проекти кои сметаат дека треба да го имаат своето место во буџетот на општината за следната година.

- Ве повикувам да го дадете својот придонес во развојот на општина Гази Баба. Ветив отворена и транспарентна општина во која Вие, граѓаните ќе одлучувате и од таа моја заложба нема да отстапам, напишал градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на неговиот официјален фејсбук профил. 

Дополнително, општината им овозможува на граѓаните своите идеи и предлози за буџетот да ги достават и по електронски пат на е-маил адреса: tvojaideja@gazibaba.gov.mk цр/сст/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан