• понеделник, 05 август 2024

Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на Ченто

Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на Ченто
Скопје, 17 август 2022 (МИА) - Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов - Ченто.
Од Општината ги повикуваат граѓаните вечер, во 18:15 часот, да присуствуваат во паркот Ченто, каде пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов - Ченто.
Покана до граѓаните упати и градоначалникот Бобан Стефковски, која е објава на неговиот фејсбук профил.
-Запишано е дека „Држава која нема својата историја, има народ без иднина“, а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме. За таа цел Ве поканувам денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов - Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него, напиша Стефковски.
Како што е најавено, на настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов - Ченто.
Методија Андонов-Ченто (17 август 1902 — 24 јули 1957) е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. мд/са/

Остани поврзан