• понеделник, 23 декември 2024

Општина Виница инвестира 45 милиони денари за реконструкција на улици

Општина Виница инвестира 45 милиони денари за реконструкција на улици

Виница, 18 октомври 2024 (МИА) - Општина Виница го почна проектот за изградба и реконструкција на поголем број улици во градот и населените места во општината, за што ќе инвестира 45 милиони денари што ги обезбеди од сопствениот буџет.

Од Општината истакнуваат дека се работи за рекордна инвестиција со која значително ќе се подобри сообраќајната инфраструктура и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

-По неколку децении вложуваме големи средства со кои веќе се реконструирани улиците „Стив Наумов“, „Раде Кончар“, „Даме Груев“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Љупчо Сантов“, а на дел од улиците „Крушевска Република“, „Борис Кидрич“ и „Бел Камен“ е поставен нов асфалтен слој. Исто така, реконструирани се две крстосници на улиците „Љупчо Сантов“ и „Моша Пијаде“, како и кругот во Територијалната противпожарна единица – Виница, кој беше во многу лоша состојба, а извршена е поправка и на поголем број ударни дупки, истакна градоначалникот Миле Петков.

Во проектот за реконструкција на коловозот е опфатена и крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Моша Пијаде“ во централното градско подрачје.

По асфалтирањето на улиците во Виница, активностите продолжуваат во селата Пекљани, Градец, Лески, Црн Камен, Липец и Блатец. та/мд/

фото: МИА

Остани поврзан