• сабота, 18 мај 2024

Општина Виница доби нов Совет, за претседател избран Ацо Ѓоргиевски

Општина Виница доби нов Совет, за претседател избран Ацо Ѓоргиевски
Кочани, 2 ноември 2021 (МИА) - Советот на Општина Виница и официјално ја доби верификацијата на членовите кои влегуваат во неговиот состав за наредниот четиригодишен период. Со одржувањето на конститутивната седница беа избрани новиот претседател, како и членовите на комисиите. По предлог нa советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во следниот мандат со Советот ќе претседава Ацо Ѓоргиевски, за што тој доби едногласна поддршка. -За мене ова е чест и признание, што ветувам дека ќе го оправдам во периодот што следува. Формиравме пет постојани комисии на Советот, со што од наредната работна седница ќе може полноправно да функционира. Очекувам добра соработка меѓу советничките групи и реализирање на поставените задачи што се однесуваат на проектите од интерес на граѓаните. Сметам дека нема причина за некакви проблеми, особено што ние сме лицето на јавноста, а таа ни даде доверба и поддршка, истакна Ѓоргиевски. Советот на Општина Виница има 15 советници, а според резултатите од локалните избори мнозинството го има коалицијата „Обнова на Македонија“. та/мд/

Остани поврзан