Општина Велес ќе ги контролира сите сомнителни пријави од граѓани за каснување од куче
- Кога секој граѓанин, каснат од куче, ќе отиде во болница, случајот задолжително ќе биде пријавен во МВР – СВР Велес. Службени лица ќе вршат информативен разговор со лицето каснато од куче, кое треба да го наведе местото на инцидентот и да даде опис на кучето. По службена должност ќе се фотографираат и нанесените повреди од каснувањето. Општина Велес во иднина сите сомнителни случаи на каснување на куче ќе ги даде на понатамошно вештачење, информираат денеска од Општина Велес.
Велес, 7 март 2024 (МИА) - Кога секој граѓанин, каснат од куче, ќе отиде во болница, случајот задолжително ќе биде пријавен во МВР – СВР Велес. Службени лица ќе вршат информативен разговор со лицето каснато од куче, кое треба да го наведе местото на инцидентот и да даде опис на кучето. По службена должност ќе се фотографираат и нанесените повреди од каснувањето. Општина Велес во иднина сите сомнителни случаи на каснување на куче ќе ги даде на понатамошно вештачење, информираат денеска од Општина Велес.
Ова е решението што било донесено на вчерашниот состанок на градоначалникот Марко Колев со претставници на СВР Велес и ЈЗУ Општа болница, на кој се разговарало за се поголемиот број пријави од страна на граѓани каснати од улични кучиња.
Воедно на средбата бил донесен заклучок да се воспостави засилена комуникација и контрола врз секој поединечен случај, а со цел да се спречат можни злоупотреби.
Како што потенцираат од Општина Велес, ваквите мерки се должат на сè позачестените пријави на граѓани каснати од улични кучиња.
Општината по овој основ на граѓаните каснати од улични кучиња во изминатите пет-шест години од општинската каса им исплати огромни суми пари.
Во 2018 година од општинската каса биле исплатени 1,7 милиони денари за 58 пријави од граѓани каснати од куче, во 2019 биле исплатени 2,3 милиони денари, а во 2020 се исплатени 2,7 милиони денари, а во 2022 високи 6 милиони денари за 82 вакви случаи на каснати од куче. ад/дма/
Фото: МИА архива