Општина Велес донира опрема за Детското одделение на Општата болница
- Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев денеска ја врачи хуманитарната донацијата за Детското одделение од Општа болница Велес, обезбедена од средства од прoдадени билети на Божиќниот концерт на Сара Мејс и девојките во придружба на Камерниот оркестар на Битола, одржан на сцената на Велешкиот театар на 10 јануари годинава, а чиј настап бил платен од буџетската каса на Општина Велес.

Велес, 24 февуари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев денеска ја врачи хуманитарната донацијата за Детското одделение од Општа болница Велес, обезбедена од средства од прoдадени билети на Божиќниот концерт на Сара Мејс и девојките во придружба на Камерниот оркестар на Битола, одржан на сцената на Велешкиот театар на 10 јануари годинава, а чиј настап бил платен од буџетската каса на Општина Велес.
Со собраните средства од хуманитарниот концерт од 125 600 денари преку Општинскиот Црвен крст набавена е инфузиона пумпа, апарат за дозирано аплицирање на терапија со антибиотици и инфузија во единица време, наменет за децата кои се пациенти во Детското одделение при велешката ЈЗУ Општа болница.
Во рамките на донацијата набавени се наочари за децата за нивна заштита од сината УВ светлина при аплицирање на фото терапијата, која им пречи на очите, а набавени се и сетови со кои ќе се аплицира терапијата,кои се за еднократна употреба.
Од средствата обезбедени со донацијата набавени се и три телевизиори за забава на децата - пациенти на Детското одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес.
Д-р Елена Ангеловски педијатар, началник на Детското одделение потенцира дека оваа донација ќе им биде од голема корист за нивните пациенти, при дозирање на дадена терапија во нивното лекување.
Освен Општина Велес која го платила концертот, а волонтери на Општинскиот Црвен крст ги собирале средствата од продадените билети, театарот бесплатно ја обезбедил салата.
Градоначалникот Колев најави дека идејата е благодорна и очекува дека ќе продолжи и во наредните години, односно овој хуманитарне концерт да стане традиционален и со цел да им се помага и понатаму на институциите на кои им е потребна помош. ад/дма/
Фото: МИА