• среда, 25 декември 2024

Општина Битола бара владина помош за решавање на проблемот со кучињата скитници

Општина Битола бара владина помош за решавање на проблемот со кучињата скитници

Битола, 21 февруари 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и членовите на Советот на Општина Битола побараа владина поддршка, финансиска помош за решавање на проблемот со кучињата скитници, односно изградба на прифатилиште за бездомни кучиња.

Од Општина Битола информираат дека обезбедена е локација за изградба на прифатилиштето, што се наоѓа во непосредна близина на средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“, но потребна е дополнителна владина финансиска поддршка.

- Бараме финансиска помош за изградба на прифатилиштето, а во меѓувреме проблемот го решаваме во соработка со економскиот оператор „Проветалек“ кој изврши заловување и обезбеди ветеринарен третман на 88 бездомни кучиња. На територијата на градот секојдневно има прилив на кучиња од блиските приградски и селски региони, а секојдневно се зголемува и бројот на загрижени граѓани кои биле напданати или каснати од куче. Во минатата година Општина Битола исплати 2,8 милиони денари оштета на граѓани кои биле каснати од куче, информираа од локалната самоуправа.

Иницијативата на градоначалникот Коњановски за владина финансиска помош ја поддржаа членовите на општинскиот Совет од сите советнички групи. мт/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан