• вторник, 05 ноември 2024

Опра Винфри и Двејн Џонсон парично ќе ги помагаат преживеаните на Мауи

Опра Винфри и Двејн Џонсон парично ќе ги помагаат преживеаните на Мауи

Хонолулу, 1 септември 2023 (МИА) - Американската водителка Опра Винфри и глумецот Двејн Џонсон денеска најавија дека преку нивниот фонд ќе инвестираат 10 милиони долари за помош на луѓето на хавајскиот остров Мауи кои не можат да се вратат во своите домови поради неодамнешните шумски пожари.

„Народниот фонд на Мауи“ ќе доделува 1.200 долари месечно на возрасните кои не можат да се вратат во своите домови. Фондот ќе бара и донации за да може подолго време да им плаќа помош на луѓето, пренесува Танјуг.

Опра и Џонсон се надеваат дека фондот ќе може да им помогне на Хавајците најмалку шест месеци.

Најмалку 115 луѓе загинаа во разорните шумски пожари на Мауи. Отровот има 1883,5 квадратни километри и околу 168.300 жители.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан