• недела, 22 декември 2024

Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови

Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови

Мадрид, 3 ноември 2024 (МИА) - Жителите на областа Валенсија на југоистокот на Шпанија, која беше силно погодена од драматични поплави на почетокот од минатата недела, денеска беа итно повикани да се вратат во своите домови поради опасност од нови силни врнежи.

Полицијата преку мегафон ги повика граѓаните да се вратат во своите домови.

Националната метеоролошка агенција издаде нов црвен метео аларм за јужниот дел на Валенсија за периодот помеѓу 18 и 23 часот, со можни врнежи од 90 литри на квадратен метар, односно девет сантиметри за еден час.

Во таа шпанска област повеќе од 200 луѓе загинаа за време на поплавите во вторникот, а илјадници останаа без домови и имот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан