• четврток, 21 ноември 2024

ОН ја осудуваат израелската употреба на „воени“ тактики на Западниот Брег

ОН ја осудуваат израелската употреба на „воени“ тактики на Западниот Брег

Њујорк, 18 октомври 2024 (МИА) - Хуманитарната канцеларија на ОН го осуди израелскиот начин на дејствување против Палестинците на окупираниот Западен Брег, опишувајќи ја тактиката како воена.

-Израелските сили користат смртоносни тактики слични на војна на Западниот Брег, предизвикувајќи сериозна загриженост за прекумерната употреба на сила и ги продлабочуваат хуманитарните потреби на луѓето, рече портпаролот Јенс Лаерке, додавајќи дека девет лица биле убиени во периодот од 8 октомври до 14, вклучувајќи и дете.

Лаерке додаде дека израелските сили ги обвинија повеќето од убиените за учество во напади врз Израелци. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан