• сабота, 16 ноември 2024

Онлајн предавање на германскиот политиколог Михаел Хајнрих на КРИК - фестивалот за критичка култура

Онлајн предавање на германскиот политиколог Михаел Хајнрих на КРИК - фестивалот за критичка култура
Скопје, 17 ноември 2020 (МИА) - Годинашното петто издание на КРИК – фестивалот за критичка култура продолжува денеска со онлајн предавање на германскиот политиколог Михаел Хајнрих на тема „Фетишизмот и секојдневието“. - Со ова предавање почнува третиот дел на КРИК 05, кој оваа година почна со својата програма во јуни. Во првиот дел гостуваа Франко Берарди Бифо, Џули Реше, Светлана Слапшак, Томислав Медак и Алфредо Саад Фиљо, додека пак во вториот покрај теориски излагања и дискусии на: Елизабета Шелева, Славчо Димитров, Станимир Панајотов, Артан Садику, Небојша Вилиќ, Јованка Попова и Натали Р. Павлеска, сеодржа и проекција на фотографскиот филм „Сето време е сето време“ на Иван Блажев, како и концерт на Кабадајас, имформираат организаторите на КРИК фестивалот. Тема на годинашниот КРИК е „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“, инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“, која е преведена на македонски јазик и веќе излезе од печат во издание на Контрапункт. - Многу често, Марксовата теорија за фетишизмот на стоки и капитал е погрешно сфатена како теорија за погрешна перцепција или погрешна свест. Во капитализмот, фетишизмот е реалност. Доколку нашата перцепција е точна и има практични последици во секојдневниот живот. Она што не е во ред е генерализацијата дека фетишистичките односи нужно постојат во секое општество. Во длабока општествена криза, иманентната ирационалност на фетишизираните односи може лесно да стане видлива. Ковид-19 произведува точно таква криза. Сепак, признавањето на ирационалноста на фетишизмот не го претставува крајот на приказната. Мораме да прашаме, кој е карактерот на тоа можно „здружение на слободни личности“, (Маркс) што ќе може да го надмине фетишизмот?, пишува Михаел Хајнрих, најавувајќи го своето предавање на фестивалот КРИК. Михаел Хајнрих е политолог во Берлин. Тој ги објавил „Вовед во трите тома на Марксовиот капитал“ (2012) и „Карл Маркс и раѓањето на модерното општество“ (2019), што претставува почеток на серија од четири тома за биографијата на Маркс и еволуцијата на неговите дела. КРИК – фестивал за критичка култура е поддржан од Министерството за култура на Северна Република Македонија, „Allianz Kulturstiftung“, Гете институт Брисел, Креативна Европа, Фондацијата Отворено општество - Македонија.фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан