• петок, 22 ноември 2024

Онлајн конференција „Како можеме да се придвижиме? Еколошки перспективи во современиот танц“

Онлајн конференција „Како можеме да се придвижиме? Еколошки перспективи во современиот танц“
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата од 2020-та година е членка на Европската мрежа за танцови куќи - ЕДН и како членка на оваа мрежа организира онлајн конференција насловена „Како можеме да се придвижиме? Еколошки перспективи во современиот танц“. Во 2022 година, фокусот на Европската мрежа за танцови куќи е одржливоста во секторот на современиот танц, како во однос на еколошката одржливост, така и на одржливоста на танцовите организации и танцовите практичари. Како што наведуваат од Локомотива, оваа конференција ќе биде одлична можност за учесниците од и надвор од мрежата и секторот да се вклучат во разговор со поканетите гости говорници уметници, креатори на политики, професионалци за танц за да се дискутираат и решат горливите прашања за танцовиот сектор, општеството и културата пошироко. Европската мрежа за танцови куќи го проширува своето влијание со цвојот нов проект EDNext 2022 - 2024 година, финансиран од Креативна Европа, кој придонесува за поодржлив и инклузивен европски танцов сектор преку широк опсег на активности, градење капацитети, вмрежување, размена на знаења и истражување и застапување. ев/мд/

Остани поврзан