• недела, 17 ноември 2024

ОМД бара од Нетфликс, Амазон, Линкдин да воведат македонски јазик на нивните платформи

ОМД бара од Нетфликс, Амазон, Линкдин да воведат македонски јазик на нивните платформи
Вашингтон, 22 февруари 2021 (МИА) - Обединетата македонска дијаспора (ОМД), организација на македонските иселеници од САД, побара до некои американски технолошки компании како Нетфликс, Твитер, Амазон Прајм и Линкдин да го воведат и македонскиот јазик на нивните платформи. -Вкупниот број на луѓе кои зборуваат македонски низ целиот свет се проценува дека е близу четири милиони. Тоа го потенцира постоењето на значаен пазар за големите брендови за стриминг и технологија, соопштија денеска од ОМД. Од организацијата вели дека Македонците иселеници се загрижени за тоа нивните потомци да не ја изгубат врската со мајчиниот јазик. -А таа врска може да се зајакне преку секојдневни активности како дружење со популарните серии. Имајќи ја предвид големата побарувачка и пазар за нив, од суштинско значење е на сегашните и на идните говорители на македонскиот јазик да им се нудат услуги на нивниот мајчин јазик, исто како и понудата на другите јазици, велат од ОМД. Од организацијата контактирале со некои платформи и сервиси, вклучувајќи ги Линкдин и Нетфликс, „за да дознаеме дали планираат да вклучат услуга за превод на македонски јазик како дел од нивните производи“. -Тука има две клучни насоки: бизнис и забава. Можеби не треба да очекуваме дека Нетфликс или Амазон ќе понудат услуга за превод преку ноќ за сите наши омилени серии и филмови, но треба да има временска рамка за усвојување и тоа им го потенциравме, изјави Мишко Јосифов, член на УО на ОМД. Линкдин, од друга страна, како и други технолошки платформи, го употребуваат стотици илјади Македонци ширум светот, укажуваат од ОМД. Велат дека усвојувањето е неконзистентно и дека треба да им е приоритет на македонските лидери да сите Македонци да имаат пристап до комерцијалните дигитални можности. -Ако сме сериозни и се нафатиме да го направиме македонскиот јазик трговски и економски центар, тоа е процес што треба да работи и на двата начина. Луѓето треба да се разберат едни со други за да го заштитат македонскиот јазик, да ја прошират неговата употреба и да им овозможат на новите генерации да го научат. Од ОМД велат дека на многумина во Македонија најлесно им е да гледаат емисии со англиски, хрватски или српски преводи. Иако некои емисии вклучуваат синхронизација, има јасен простор за проширување на користењето на македонскиот јазик. кб/ир

Остани поврзан